Национални установи, јавни институции и здруженија на граѓани од Република Македонија ќе може да поднесат предлог проекти за реализација на активности од областа на културата, во рамки на Меѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост, за 2014 година.
Предлог-проектите треба да бидат во согласност со одредбите на Конвенцијата на УНЕСКО за заштита и унапредување на разноликоста во културните изразувања. Формуларот за предлог проектот и водичот како истиот треба да се пополни, може да се најде на следниот линк: http://www.unesco.org/new/en/culture/themes/cultural-diversity/diversity-of-cultural-expressions/call-for-funding-requests/.
Предлог-проектите треба да се достават во два примерока, на англиски или француски јазик, придружени со еден примерок на македонски јазик. Крајниот рок за поднесување на проектите е 5-ти мај 2014 година.
OhridNews