Меѓународниот спортски суд во Лозана трите бодови од прекинатиот натпревар меѓу Србија и Албанија во квалификациите за Европското првенство во Франција му ги додели на гостите.
Албанската фудбалска федерација и челниците на албанската држава преку своите твитер профили ја објавија информацијата.
УЕФА прекинатиот натпревар на 14 октомври 2014 година го регистрираше со службена победа за србите 3-0, одземање на три бодови и парична казна од 100 000 евра за двете федерации.
До инцидентот и прекинот во Белград дојде откако на стадионот долета дрон со знаме од голема Албанија. Еден репрезентативец на „орлите“ го спушти знамето и тогаш настана хаос на теренот.
Ако тврдењето на албанците се покаже точно, тогаш нивната селекција ќе се израмни на втората позиција на табелата во групата со Данска која има 10 бодови.
Ohridnews