Механизација вечерва се упати кон опожарената дива депонија во Струга, со цел да овозможи услови за нејзино гаснење, информираат од граѓанската иницијатива “Доста е“.
„Моментално на запалената депонија пристигна булдожер и камиони со тампон. Тие вечерва ќе работат на овозможување пристап на противпожарните возила и камиони со земја до запалените делови на депонијата.“-соопшти граѓанската иницијатива “Доста е“.
Граѓаните на Струга денеска масовно излегоа на протест од кој побараа итна санација и дислокација на дивата депонија која го загадува градот со месеци.
OhridNews
Стружани се заканија со граѓанска непослушност доколку не се реши проблемот со дивата депонија