Пратеничката од редовите на Демократската унија за интеграција, Ермира Мехмети, на својот фејсбук профил со реакција за информацијата за заеднички настап на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на претстојните локални избори во Кичево и Струга.
Како што стои во рекацијата, соработката се должи единствено на нивната заедничка иницијатива да спречат евентуална победа на Албанец во овие две општини.
„Кога ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се степаа во Собранието, еден дел од аналитичарите не обвинија нас затоа што не сме се ставиле во одбрана на опозицијата. Денеска читам дека двете спротивставени политички сили се спремни заедно да соработуваат за локалните избори во Струга и Кичево. Се прашувам дали згрешивме што не заземавме страна или направивме добро што не се позициониравме во овој интраетнички судир кој многу брзо се надмина кога на дневен ред дојдоа Кичево и Струга.“ – пишува Ермира Мехмети на Фејсбук.
Инаку, опозициската СДСМ најверојатно ќе ги поддржи кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општините Кичево и Струга.
OhridNews