Поранешниот кошаркарски репрезентативец на Македонија, Џеремаја Мејси е најкорисниот играч, во последното коло, од Топ 16 фазата во Еврокупот.


Мејси во победата на Локомотив Кубан над Алба од 73:70, учествуваше со 23 поени, 12 скока и 6 асистенции, со што имаше 37 индексни поени.  Според учинокот на синоќешните натпревари зад Мејси се најдоа Ламејн Вилсон од Нимбург си 31 индексен поен и Роналд Дејвис со 28 индексни поени.

Џеремаја Мејси со просек од 20,17 индексни поени е најкорисниот играч во досегашниот дел од Еврокупот, зад него следуваат Патрик Беверли од Спартак Санкт Петербург и Дашон Вуд од Алба Берлин

Четворицата репрезенти на македонската кошарка во Еврокупот, Војдан Стојановски, Владо Илиевски, Џеремаја Мејси и Предраг Самарџиски, со своите екипи изборија пласман во четвртфиналето.

Во четвртфиналето повторно ќе има македонска пресметка, Доњецк со Војдан Стојановски за противник ја доби екипата на Самрџиски, Лијетувос Ритас. Илиевски и Мејси со Локомотив за пласман на завршниот турнир ќе се борат против Химки.

Останатите две двојки се Спартак Санкт Петербург-Нимбурк и Валенсија-Будуќност.

“Макфакс“
Ohridnews