Фудбалерот на Хул, Рајан Мејсон ја напушти болницата во Лондон недела дена по страотната повреда на главата која му го загрози животот.
Мејсон на стартот од мечот со Челси на Стемфорд Бриџ во рамките од Премиер лигата се судри со Гери Кејхил и падна како покосен на теренот. Подебелиот крај од сударот го извлече Мејсон кој се здоби со скршеница на черепот и обилно крвањето во главата.
Тој лекувањето ќе го продолжи под надзор од клупските доктори кои се големи оптимисти околу неговото комплетно заздравување.
За повредениот фудбалер голема поддршка стигна од целата Англија, а многу голем гест направија фудбалерите на Тотенхем носејќи дрес од Мејсон на загревањето од ФА куп дуелот со Вајкомб.
Мејсон токму од Тотенхем се пресели во Хул и сезонава во 16-ет натпревари за „тигрите“ постигна еден гол.
OhridNews