Американскиот боксер Флојд Мејведер ги обедини титулите во WBC, WBA, WBO категориите совладувајќи го Мени Паквајо во борбата на столетието.
Победата на Мејведер му припадна на поени (118-110, 116-112 и 116-112) откако двајцата боксери ги издржаа сите планирани рунди во рингот.
Борбата, која ја следеја 16 000 гледачи во Лос Анџерлс и милионски аудиториум ширум светот ќе донесе приход околу 400 милиони долари.
За победата Мејведер ќе инкасира 180 милиони долари додека Филипинецот, Паквајо 120 милиони долари.
Мх.П.