Флојд Мејведер го задржа приматот во светскиот бокс победувајќи го Конор МекГрегор со нокаут во десеттата рунда од мечот на деценијата.

Американскиот боксер Мејведер со триумфот над ММА борецот стигна до 50-та победа во кариерата и се повлече од боксот на најдобар можен начин.

Ирецот МекГрегор доминираше до 4-та рунда, а потоа Мејведер го презеде кормилото во рингот и со нокаут стигна до триумф.

 

Дуел на деценијата беше прогласен поради богатите награди кои ги поделија боксерите.

OhridNews