По неколкуте денови двојна програма македонските репрезентативци добија “слободно претпладне“ , а подготовките пред заминувањето на турниот во Птуј, Словенија ги продолжуваат со денешната двојна програма.


Селекторот Докузовски на првите тест средби очекува на располагање да го има комплетниот ростер, вклучувајќи ги Бо Мек kejлеб и Тодор Гечевски. По одлуката “фаворитската“ улога за место во тимот да биде одредена на Мек Кејлеб, натурализираните Грин и Мејси не се појавија на тренинг кампот.

– Селекторот одлучи дека најдобро за нас ќе биде да се ангажира Бо Меккалеб и сите ние застанавме зад таа одлука. Нашиот стил е да се игра брза кошарка и јасно е дека  играч од таков тип повеќе одговара да се најде во нашиот состав – вели директорот на репрезентацијата Врбица Стефанов.


Стефанов очекува преку тест средбите да се темпира формата но и да се бара победничката формула за престојниот континентален собир во Литванија.

– Во Скопје тренизите ни беа подготвка за ова во Охрид со нормални медицински контроли, тука очекувам кондицијата да дојде од 75 посто и во текот на серијата мечеви да се постигне тој максимум. После Охрид продолжуваме со мечеви во Словенија, потоа следува турнир во Италија, а серијата пријателски средби ќе ја заоокружиме со трофејот Македонија во Скопје. Очекувам формата да биде на високо нив и да победиме на тој турнир и победничкиот менталитет да го пренесеме во Литвавинија – објаснува популарниот “Врба“.

Фото Емилио
М.П.