Екстра засилувањето Американецот Бо Мек Кејлеб од клупата  го одгледа мечот на неговата нова “татковина“ против Катар. Своето деби во националниот тим ќе го има на 2 август во Јужни против Украина.


Ќе ми преставува огромна чест и задоволство да играм за Македонија, и поласкан сум што ме одбраа мене да играм за националнатата репрезентација. Ќе дадам се од себе да ги поминеме квалификациите  и да се пласираме на завршницата на Европското првенство – рече  Мек Кејлеб кој напомена дека од националниот тим ги знае Грин и Самарџиски и дека во кошарката се е можно.

По феноменалната  сезона со белградски Партизан во која триумифраа во Јадранската лига и српското првенство, и беа дел од фајнл фор турнирот во евролигата  Мек Кејлеб  се одлучи за преселба во Италија, во Сиена каде според договорот треба да остане во наредните три години.

М.П.