Најдобриот стрелец на квалификацискиот турнир во Каракас, македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб, во минатата сезона играч на Монтепаски Сиена, се наоѓа на списокот на желби на две европски екипи.

Како што пренесува „Спортал.рс“ повикувајќи се на италијански извори блиски до кошаркарот, најзаинтересирани за Мекејлеб се Фенербахче и рускиот Уникс.

Монтепаски сака да го задржи најдобриот плејмејкер во Европа во своите редови, но проблем е платата која изнесува 1,3 милиони долари.

Истиот извор наведува дека Фенербахче и Уникс се подготвени да му понудат годишна плата од два милиони долари.

Според „Спортал.рс“ Мекејлеб е поблиску до Фенербахче, бидејќи таму од наредната сезона тренер ќе биде Симоне Пјаниџани, кој со македонскиот репрезентативец имаше успешна соработка во изминатите две сезони.

Истото така се наведува дека мали се шансите Мекејлеб да замине во НБА лигата, бидејќи откупот на неговиот договор чини 4,7 милиони долари.

“макфакс“