Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекелејб е пред разделба со германскиот Баерн Минхен откако не го импресионираше стратегот на „баварците“, Светислав Пешиќ.


– Го доведовме да ни помогне и да ја крена играта на едно повисоко ниво, но да бидам искрен од него до сега не добивме баш ништо – рече Пешиќ.

Откако остана без клуб по раскинот на договорот со Фенербахче, Мекелејб направи трансфер во Баерн Минхен со договор на еден месец.

По се изгледа пред Мекелејб е повторно пред период на барање на нов клуб што не овозможува неговата форма да оди во нагорна линија.

Мх.П.