Натурализираниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекелејб нема да биде дел од НБА лигата откако Њу Орлеанс не му понуди договор.


„Пеликаните“ пред почетокот на новата сезона во НБА лигата имаа плус три кошаркари во ростерот и мораа да се ослободат, а еден од нив беше токму Мекелејб.

Бекот во дресот на Њу Орлеанс одигра четири мечеви и имаше просек 2.8 поени и 2.3 асистенции по натпревар.

По неуспехот да заигра во НБА лигата, Мекелејб најверојатно ќе се врати во Европа и ќе бара клуб каде ќе продолжи кариерата.

Ohridnews