Лестер Бо Мекејлеб, македонскиот кошаркарски репрезентативец, со Монтепаски Сиена ја освои шампионската титула во италијанското Палаканестро.


Монтепаски финалната серија во италијанското првенство против Емпорио Армани ја доби со 4:1, откако во петтиот натпревар забележа победа од 84:73.

Мекејлеб натпреварот го заврши со 16 поени, со што беше еден од најпрецизните играчи во својот тим.


Сиена до победата ја предводеше Кшиштоф Лавринович кој постигна 22 поени, Литванецот маестрално ги одигра последните три натпревари од серијата.

Монтепаски со новата титула, шеста по ред, седма во историјата на клубот, само ја потврди доминацијата во италијанската кошарка.