Натурилизараниот македонец Лестер Бо Мекклејб кариерата ќе ја продолжи во Европа односно во турскиот Фенербахче. Плејмејкерот потпиша три годишен договор вреден шест милиони евра.


Иако имаше најави дека Бо од тимот на Монтепаски Сиена може да замина во Сан Антонио Спарс сепак проблем била оштетата. НБА тим не може да плати повеќе од 550 000 евра за кошаркар кој доаѓа од Европа.

Со потписот за Фенербахче, Лестер Бо Мекклејб останува на располагање на македонската репрезентација за ЕП во Словенија.

Мх.П.