Граѓаните во никој случај не се должни на незаконски начин да го финансираат работењето на Македонската радио телевизија(МРТ), смета народниот правобранител Иџет Мемети.

 „Наместо да изврши отпис, да се корегира и да им ги врати незаконски земените пари, од неодамна МРТ ги упатува граѓаните за овие решенија да поднесуваат жалби, преку УЈП до Министерството за финансии, иако рокот за тоа е изминат. Граѓаните во тој случај со месеци чекаат жалбата да им биде решена, само за да дознаат дека истата им е отфрлена како ненавремена”, рече Мемети.

Според него, апсурдно е што радиодифузната такса месечно изнесува 190 денари, а таксата што задолжително треба да се плати за жалба е 250 денари.

OhridNews