Холандскиот репрезентативец, Мемфис Депај го напушти Манчестер Јунајтед, откако клубот се договори со Лион за негов трансфер во Франција.
„Црвените ѓаволи“ од трансферот на Мемфис ќе инкасираат 25 милиони фунти кои сигурно ќе бидат искористени за доведување на нови фудбалери.
Депај е втор играч во зимскиот преоден рок кој заминува од Олд Трафорд после францускиот репрезентативец, Морган Шнајдерлин кој се пресели во Евертон.
Последна шанса за докажување ќе добие и Лук Шо кој воопшто не се наметна кај португалскиот стратег, Жозе Мурињо.
Мечевите со Виган и Хул во англиските купови ќе бидат последните шанси за англискиот репрезентативец на Олд Трафорд.
Шо во Јунајтед се пресели од Саутемптон, а „црвените ѓаволи“ за него платија 30 милиони евра.
OhridNews