Второто издание на ракометниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, оваа година ќе се одржи од 23 до 26 август во салата „Билјанини извори“

На турнирот, оваа година ќе учествуваат 8 екипи, соопшти ГРК Охрид, организатор на турнирот.

Меморијалниот ракометен турнир „Крсте Андоновски – Усташ“ се одржува под покровителство на Општина Охрид.

Победник на првото издание на турнирот беше екипата на „Тиквеш“ од Кавадарци.

Г.М.