Културно-уметничкото друштво „Илинден“ од Велгошти на 22 јуни ќе организира Меморијален фолклорен концерт, во знак на сеќавање на играорецот Слободан Крлески под чие водство ова друштво успешно функционираше и настапуваШе на бројни манифестации во земјава и странство, презентирајќи го атрактивниот и богат македонски и  велгошки фолклор и традиција.

Како што истакнуваат организаторите на концертот, меѓу настапите на Крлески и друштвото се вбројуваат настапите пред англиската кралица Елизабета, пред кралицата на Холандија, како и пред претседателот на Југославија Јосип Броз Тито.
КУД „Илинден“- Велгошти е формирано во 2001 година и брои 150 членови.

OhridNews