Капитенот на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни поради повреда ќе го пропушти дербито со Ливерпул кое ќе се одигра на Олд Трафорд во рамките од петтата рунда во Премиер лигата.


Руни повредата која од теренот ќе го оддалечи една седмица ја доби на натпреварот од квалификациите за Европското првенство во Франција меѓу Англија и Швајцарија.

Сепак, мечот на „Вембли“ ќе остане во добри спомени за Руни кој со погодокот од пенал го престигна Сер Боби Чарлтон на вечната листа на голгетери во Англија.

„Ѓаволите“ без Руни во составот ќе бараат излез од мини резултатската криза кои по одличниот старт со две победи, ремизираа со Њукалс 0-0 и претрпеа пораз од Свонси 2-1.

Мх.П.