Екипата на Манчестер Јунајтед в недела во дербито од 22-та рунда против Челси на „Стемфорд Бриџ“ ќе настапи без Вејн Руни и Робин ван Перси.

Напаѓачкиот тандем на „црвените ѓаволи“ подолг временски период не се комбинација за натпреварите од Премиер лигата. Сеуште не се прецизира датумот за нивното враќање на терените.

Без нив во составот избраниците на Жозе Мурињо ќе имаат далеку полесна задача да го совладаа англискиот првак на дерби пресметката.

Без голови и без победник заврши првиот натпревар на „Олд Трафорд“ одигран во август минатата година.

Мх.П.