Главна и клучна улога во трансферите на фудбалерите од еден во друг клуб имаат менаџерите кои, пак заработуваат голем процент од договорот склучен меѓу фудбалерот и клубот.


Тренерот на Челси, Жозе Мурињо ги потенцираше токму нив и неблагодарните родители за главни уништивачи на фудбалот.

– Знаете кој е најтешкиот чекор во создавањето на фудбалер ? Да ги одвоите од лакомите менаџери и од неблагодарните родители кои на почетокот ги гледаат децата како поле за успех. Никој не ги остава децата да се развиваат по својот пат што е вистински патоказ за успех. – рече Мурињо.

Минатата година од трансферите на фудбалерите менаџерите инкасирале многу повеќе отколку клубови кои ги создаваат фудбалерите.

Ohridnews