Менаџерот на Кристијано Роналдо, Хорхе Мендез во интервју за бразилските медиуми говореше за иднината на Португалецот и неговите успеси.


– На „Сантијаго Бернабеу“ ќе остане уште долго бидејќи Роналдо е незаситен кога се работи за освојување на трофеи – рече менаџерот и додаде – Тој е најдобар фудбалер моментално, а ако продолжи со вакво темпо ќе биде најдобар и во историјата.

Со изјавата за повлекување на дресот со број седум, кој го носи Роналдо по заминувањето на Португалецот тој го навлече гневот на навивачите.

– Секоја чест за Алфредо ди Стефано и Раул, но ова што Роналдо го прави моментално е неверојатно. Мислам дека управата треба да го повлече дресот од употреба по неговото пензионирање. По ангажирањето на Роналдо започна и трансформацијата на Реал Мадрид во она што е денес – заврши Мендес.

Мх.П.