Навивачите на Ливерпул и јавно го искажаа незадолството кон менаџерот Брендан Роџерс за непосакуваните резултатите сезонава во сите натпреварувања.

Гневните навивачи пред почетокот на мечот со Квинс Парк Ренџерс со помош на авион на кој имаше банер “Роџерс аут, Бенитез ин“ му порачаа што мислат за неговата иднина.


Ваквото искажување на гнев кон менаџерот не е прв пат во Премиер лигата. Минатата сезона навивачите на Манчестер Јунајтед на ист начин му порачаа заминување на Дејвид Мојс.

Подоцна, се оствари желбата на навивачите на „црвените ѓаволи“ и Мојс доби отказ од Олд Трафорд, а останува да видиме дали ќе им посреќи на „црвените“ од Енфилд.

Мх.П.