Најдобриот светски менаџер во фудбалот, Хорхе Мендес верува дека само Жозе Мурињо може да го наследи Сер Алекс Фергусон на клупата од Манчестер Јунајтед.


Откако шкотскиот стучњак замина од Олд Трафорд клубот воопшто не наликува на себе. – Манчестер има еден проблем што неможе да најде соодветна замена за Фергусон бидејќи тој беше генијалец, а такви моментално ги има малце. Но, јас познавам еден лично и е на клупата од Челси – рече Мендес.

На клупата од „црвените ѓаволи“ Фергусон освои 38 трофеи во скоро 27 годишното водење на клубот. – Во овој момент Фергусон ќе имаше 12 или 15 бодови повеќе од сегашниот скор на екипата.

Мендес за англиската „BBC“ потенцираше дека тоа што беше Фергусон во Манчестер за десет години ќе стане Мурињо за лондонските сини.

Мх.П.