Менди Ќура како независен кандидат поддржан од ВЛЕН и неофицијално Зијадин Села како кандидатот на Европскиот фронт поддржан од ДУИ ќе ја водат трката за градоначалник на Струга. Коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.

Менди Ќура во најавата на својата кандидатура посочи дека влегува во трката за градоначалник на Струга како независен кандидат како одговор на барањата од бизнис заедницата и граѓаните посочувајќи дека доаѓа со јасна визија за развој на Струга. Проектите и идеите, истакна, ќе се засноваат на три столба: транспарентност и правда за сите, одржлив развој и инвестиции во инфраструктурата, образованието и кулурата, во младината и во спортот.

Во овој дух на промени, од ВЛЕН, посочија дека даваат целосна поддршка на независната кандидатура на Ќура, име кое како што посочија отелотворува успех, интегритет и визија за поразвиена Струга.

OhridNews