Менди Ќура и Зијадин Села во трка за градоначалник на Струга
14.07.25 15:47
Менди Ќура како независен кандидат поддржан од ВЛЕН и неофицијално Зијадин Села како кандидатот на Европскиот фронт поддржан од ДУИ ќе ја водат трката за градоначалник на Струга. Коалициските партнери се согласиле ДУИ да се откаже од кандидатурата на Рамиз Мерко во Струга.
Менди Ќура во најавата на својата кандидатура посочи дека влегува во трката за градоначалник на Струга како независен кандидат како одговор на барањата од бизнис заедницата и граѓаните посочувајќи дека доаѓа со јасна визија за развој на Струга. Проектите и идеите, истакна, ќе се засноваат на три столба: транспарентност и правда за сите, одржлив развој и инвестиции во инфраструктурата, образованието и кулурата, во младината и во спортот.
Во овој дух на промени, од ВЛЕН, посочија дека даваат целосна поддршка на независната кандидатура на Ќура, име кое како што посочија отелотворува успех, интегритет и визија за поразвиена Струга.
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Стр...
Скокот на браќата Лотески во студените езерските води е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата Со одела тие скокнаа во ст...
Охрид достојно го одбележа големиот христијански празник Богојавление – Водици Голем број верници утринава беа дел од богослужбите во црквите, по кои следеше упатување на литиите од трите цркви „Св...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.