Натпреварот од купот во младинската категорија меѓу Охрид и Ренова (не)одигран во Радожда Струга, беше регистиран со службен резултат 3-0 за гостите од Тетово. Ваквата одлука беше причина за жестока реакција на тренерот на охридските младинци Гони Мерко кој за Оhridnews ја  објаснува ситуацијата на куп мечот во Радожда.


– Првиот натпревар се одигра помеѓу кадетите и заврши со 3 :2 за гостинската екипа. Вториот натпревар кој требаше да се одигра во 16 часот не се одигра. Двете младински екипи беа излезени на терен, додека екипите се загреваа во публиката настана тепачка помеѓу еден родител на фудбалер од Ренова и гледачи од Радожда. Полицајците кои беа присутни за текот на целиот натпревар од кадетската конкуренција си дозволија да отидат на кафе пауза до почетокот на натпреварот од младинската конкуренција. За жал на сите присутни баш во тој нивни “ тајмаут”  се случи  тепачката. Полицајците се вратија , тепачката беше прекината и се беше подготвено за почеток на мечот во младинска конкуренција, но тогаш претставникот на гостинската екипа одлучи да ја повлече екипата и да не го одигра натпреварот, а како причина  ја наведе тепачката на трибините – објаснува Мерко.


Според  Мерко јасна била намерата на гостинскиот преставник кој сакал да ги искористи блиските врски со ФФМ и мечот да го добијат со службени 3-0.

– Додека чекавме превоз за Охрид на играчите им се обратив со следните зборови, жал ми е за генерацијата 1994 што натпреварувањето во Купот на Македонија го завршивте на ваков начин. Тоа го реков затоа што ја знаев намерата на гостинскиот претставник дека ќе ги искористи неговите моќни луге во ФФМ и со сигурност натпреварот ќе го добие службено како што и се случи. Јас немам намера да се жалам на ваквата одлука за “добротворни цели” на Дисциплинската комисија. Јас ке си земам за право и ќе ја повторам изјавата на Марин Докузоски “Мене Купот не ми треба, моите фудбалери на секој натпревар освојуваат “Куп” со дисциплинирана и прекрасна игра – завршува Мерко.


Охридските младинци во првата рунда беа подобри од Напредок со 4:0, а во Младинската Западна лига по одиграните 3 кола се први на табелата со 3 победи.

Ohridnews