Во 2010 година реализираше повеќе од дваесетина трансфери на фудбалери во соседна Албаниија, а очекува тој тренд да продолжи и оваа година. Гони Мерко смета дека 2010 година била успешна и тој лично е задоволен е од сработеното. 

По што најмногу ќе ја паметите, која според вас беше најпозитивната и најнегатвината работа ? Кој спортски настан и личност според вас ја одбележа годината што изминува?

Најнегативната и болна – прекин со работа со генерацијата 1995 / 96 год. после  4  и пол години. Најпозитивна – Превзамање и почнување работа со генерацијата 1999 / 2000 год. Спортски настан дефинитивно беше Светското првенство во фудбал додека спортист е Лионел Меси.

Како ги оценувате состојбите во спортот кај нас, Охрид, Македонија?

Во Охрид во оваа година што изминува можам да кажам дека е позитивна од фактот што имаме 2 сениорски второлигашки екипи , Ф.К.Охрид 2004 е есенски Шампион, исто така младинската школа на Ф.К.Охрид 2004 е одлично организирана. Покрај М.Ф.К. Еврофудбал се отворија уШте две нови фубалски школи, а женскиот фудбал почнува да биде конкурентен за место во натпреварувачката табела.


Дали мислите дека го следиме чекорот со светските збиднувања? –  Се надевам дека реален одговор на оваа прашање еден ден ке даде внук ми.

Што му недостига на охридскиот спорт? –  Му недостига систем. Системот подразбира работа од 5 -10 години и потоа очекување на резултати или врвни спортисти. Конкретно за фудбалот  потребно е подршка од ФФМ и неколку бизнисмени од  Охрид.

Кој спортист според вас јас одбележа оваа година во Охрид , Македонија? Што очекувате од наредната 2011 година? – Горан Пандев е спортистот на Македонија за минатата 2010 година, во 2011 очекува со паметна работа држава  да ни овозможи подобри услови во спортот.

М.П.