Актуелниот градоначалник на Струга, Размиз Мерко, вели дека се уште е рано да се зборува за евентуалната негова кандидатура за трет мандат. Сепак, тој не крие дека за тоа се разговара како во централата, така и во огранокот на ДУИ во Струга.

-Сум кажал и порано дека за кандидатурата за градоначалник одлучува членствиото на огранокот во Струга и секако после тоа претседателот на партијата и претседсателството. Мислам дека е рано да се зборува за кандидатури, бидејќи, ние сме и партија која е на власт и нема потреба да брзаме кога дефакто и дејуре градоначалникот се уште го одработува својот мандат, изјави Мерко.

Тој истакна дека се сретнал вчера со Али Ахмети, при што, како што рече, побарал членовите на ДУИ кои имаат градоначалнички амбиции да не излегуваат самоиницијативно со ставови во јавност, туку кандидатурите да се истакнуваат тогаш кога за тоа ќе расправа партијата.

OhridNews