Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко останува на чело на Југозападниот плански регион.

На седницата одржана вчера, градоначалниците од 13 општини што влегуваат во составот на овој регион, едногласно одлучија Мерко и во наредниве две години да биде на чело на Советот за развој на Југозападниот регион, на кој припаѓа и Охрид.

Градоначалниците од овој регион бараат централната власт доследно да ги почитува законите и да дозволи рамноправна распределба на буџетските средства во регионите, посочувајќи дека постои голем диспаритет меѓу Скопскиот и останатите плански региони во земјава.

OhridNews