
-Ги очекуваме првите понуди до 15 јануари. Инвестицијата ќе биде помеѓу 15 и 20 милиони евра кои ќе бидат вложени во реконструкција на застарената водоводна мрежа и изградба на нови водоводи, со што сметаме дека еднаш засекогаш ќе го решиме проблемот со водоснабдување на населените места во регионот, истакна Мерко.
Дали давањето на водоводите под концесија ќе предизвика корекција на цената на водата за пиење, надлежните засега не кажуваат. Потегот го оправдуваат со нерационалното управување со водите, честите дефекти на системот и големите загуби.
-Ние имаме вода да снабдиме 200.000 жители, а едвај успеваме да ја донесеме до околу 30.000 граѓани, посочува Мерко.
Тој најави дека цел во наредниот период ќе биде да се каптираат нови извори, со што ќе се подобри водоснабдувањето.
OhridNews











