Само два месеци откако му било сошиено увото, кое го повредил за време на масовна тепачка во Швајцарија, контраверзниот пејач Мерлин Менсон доживеал уште една несреќа. Овој пат се онесвестил на сред концерт кој го одржал во канадскиот град Саскатун. Тој колабирал додека го изведувал својот хит “Beautiful People” на бис. На снимките кои се појавиле на Ју Тјуб може да се види како наеднаш престанал да пее, да се тетерави и како паѓа на бината.

Членовите на неговиот бенд најпрво продолжиле да свират, но кога виделе дека не станува му пришле на помош и го отстраниле од бината. Според медиумите, пред да падне тој повраќал. Засега нема информации за неговата моментална состојба, што предизвикало голема загриженост меѓу негвоите фанови.