Податоците од мерните станици во Охрид покажуваат загадување на воздухот. Синоќа од мерната станица кај ОУ „Братство Единство“ е регистрирано високо присуство од 242.01mg/M3 на PM10 честички кои се штетни по здравјето на луѓето.
Од мерната станица кај Гимназија е регистрирано пониско присуство на PM10 честички, односно 166.09 mg/M3.
И утринските мерења покажуваат зголемено загадување на места во Охрид. Најголемо е во Видобишта, 90,5 mg/M3 (PM 10).

Нивото на загаденост кај Гимназија и во населбата Христо Узунов
Најчист воздухот утрово е во Стариот дел на Охрид, каде нема загадување.

Според статистичките податоци од апликацијата загаденост на воздухот се забележува и во изминатото деноноќие. Високо присуство на PM 10 честички е забележано и од мерната станица „Мирче Ацев“ кога нивото на PM 10 честички беше 166 mg/M3.
Утврдената граничната вредност во Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, на PM 10 честички во воздухот изнесува 50 μg/m3.
К.А./Г.М.

















