Петта сезона по ред во Лигата на Шампиони, Арсенал не може да ја мине осминафиналната фаза. „Топчиите“ победија 2-0, но немаа сили за уште еден погодок што ќе значеше пласман во најдобрите осум.


– Иако и ние бевме блиску до пласман, сепак Монако го заслужи пласманот во четвртфиналето поради подобрата игра во првиот натпревар. И ние одигравме брилијантен меч во Монако, но негативата беше голема. Дојдовме да се бориме и го направивавме тоа, но немавме шанса за трет гол, кој ќе не одведеше понатаму. – рече германскиот репрезентативец Пер Мертесакер.

Стрелецот на вториот гол Арон Ремси вината за поразот ја побара во своите редови, а причината ја најде во потценувањето на противникот.

– Имавме одлична можност да се квалификуваме во осумте најдобри екипи во ЛШ, но не успеавме. Од противниците ни падна најпосакуваниот, но не одигравме така како што посакувавме. Прв пат после неколку години избегнавме голем ривал во 1/8 финалето и не го искористивме, но тоа е сега ќе се фокусираме на домашните задачи во Лигата и Фа Купот. – потенцираше Ремси.

Ohridnews