Фудбалерот за врска во Ливерпул, Адам Лалана ќе паузира месец дена поради повреда на мускулот.


Лалана, кој последните натпревари во дресот на „црвените“ постигна неколку клучни погодоци се повреди на мечот со Лестер.

Тој ја напушти играта во 55-та минута со што јасно дека се работи за посериозна повреда.

Фудбалерот за врска ќе ги пропушти двата меча со Челси во 1/2 финалето од Капитал купот и натпреварите со Сандерленд и Астон Вила во Премиер лигата.

Мх.П.