Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи на Србија од денес заедно со нивни колеги од македонското МВР ќе патролираат низ улиците на Охрид.

Согласно истиот предвидено е заеднички патроли да патролираат низ Охрид секојдневно во текот на сезоната од 20 јули до 31 август, велат од Министерството.
Инаку, според податоците минатата година немало посериозни интервенции во делот на сторување кривични дела и борба против криминал, а соработката се покажала како повеќе од успешна при реализација на заедничките патроли на српските и македонски полицајци во Охрид.
Н.С.Ј.
					



							






