Во организација на Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска  со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи деветнаесетиот состанок со Советодавната група граѓани од Мешеишта

На состанокот ќе стане збор за превентивните мерки за заштита од пожари на отворен простор и злоупотреба на безвизниот режим. Исто така ќе се разговара и за контролата на беснило кај животните, оралната вакцинација на лисиците и  заштита од контаминација со вакциналниот вирус. За таа цел подготвен е соодветен пропаганден материјал.

На состанокот на Советодавната група граѓани што ќе се одржи  во просториите на поранешната општина Мешеишта, учество ќе земат претставници на СВР Охрид, на Граничната и шумската полиција, од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Националниот парк „Галичица“, Регионалниот центар за управување со кризи, на Локалниот совет за превенција како и  претставници на мисијата на ОБСЕ во земјава.

OhridNews