Германскиот преставник во полуфиналето во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен пред мечот со Барселона на Ноу Камп има голем проблем со повредени фудбалери.
Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола за првиот дуел со каталонците не може да смета на Арјен Робен, Френк Рибери, Давид Алаба и Холгер Бадштубер.
– Знам дека имаат повредени играчи, но за клуб каков што е Баерн Минхен тоа не смее да биде алиби. Не знам кој е фаворит и се прашувам дали воопшто го има. Ние сме во топ форма. Секогаш одиме на победа и сакаме со што повисока предност да патуваме во Минхен. – рече Лионел Меси.
Под водство на Пеп Гвардиола на Ноу Камп аргентинскиот репрезентативец освои голем број на трофеи, а сега тој е „шеф“ во составот на Баерн Минхен.
– Не сакам да ги споредувам тренерите, но Луис Енрике и Гвардиола настојуваат да бидат блиски со играчите за да создадат победнички дух во екипата. Она што го постигна Гвардиола во Барселона е брилијатно и многу научив од него во фудбалот. – додаде Меси.
Мх.П.