Последниот фудбалер кој успеа да ја освои „Златната топка“, награда која ја доделува „Франс фудбал“ за најдобриот фудбалер во светот пред Кристијано Роналдо и Лионел Меси, Рикардо Кака во една реченица ги спореди Португалецот и Аргентинецот кои десет последователни години го освојуваат престижното признание во фудбалот.
– Лионел Меси е гениј, а Кристијано Роналдо е икона модерниот фудбал. Добро е што последните десет награди ги поделија тие, бидејќи никој не е на нивното рамниште. – изјави Кака.
Бразилскиот фудбалер во 2007 година во дресот на Милан одигра маестрална сезона во која со клубот од Сан Сиро ја освоија титулата во Лигата на Шампиони и заслужено се закити со наградата и признанието за најдобар фудбалер во светот.
Сезона потоа, Кака направи трансфер во Реал Мадрид, во ист период на Сантијаго Бернебеу се пресели и Кристијано Роналдо и никогаш повторно Бразилецот не ги повтори настапите од италијанскиот калчолигаш.
OhridNews