Капитенот на Аргентина и членот на Барселона, Лионел Меси глатко и без размислување одбил неверојатна понуда од Манчестер Сити во текот на летниот преоден рок.

Како што пренесува шпанскиот дневен весник „Марка“, Меси имал понуда на маса од „граѓаните“ висока 56 милиони евра по сезона.

Сопственикот на Манчестер Сити, Шеикот Менсур бин Зајед Ал Нахјан лично им се јавил на Меси и првиот човек на Барселона, Жозеп Бартомеу и им ја открил намерата.

Меси категорично ја одбил понудата за преселба во Англија, а пред десеттина дена потпиша нов договор со Барселона до 2021 година со заработка од 46 милиони евра по сезона.

Со заработката од новиот договор офанзивниот фудбалер стана најплатен во светот престигнувајќи ги Кристијано Роналдо и Бразилецот Нејмар.

OhridNews