Ситуацијата на Ноу Камп последниве недели не е ниту малку позитивна, а „тиквата“ во Барселона пукнала после поразот од Пари Сент Жермен (4-0) во Лигата на Шампиони. Нарушената атмосфера во екипата не ја сокри ниту победата (2-1) над Леганес во Ла Лига.


Според шпанските медиуми во жесток клинч се првата виолина во екипата, Лионел Меси и тренерот Луис Енрике. Аргентинецот ќе ја искористи својата моќ во Барселона и од челниците на клубот ќе побара да го разрешат Луис Енрике, или по истекување на договорот следната сезона ќе си замине како слободен фудбалер.

Покрај тренерската смена Меси инсистира за играчки промени во екипата. Заменик капитенот во составот не е задоволен од неколку фудбалери кои на Ноу Камп пристигнаа како големи засилувања.


Меси не е импресиониран од Жереми Матје, Лукас Дигње кој го замени Жорди Алба и од Жорге Гомес кој беше доведен пред почетокот на оваа сезона.

Фаворит на Меси за тренер на Барселона е предводникот на Севиља, Хорхе Сампаоли, а медиумите во Шпанија шпекулираат со Јирген Клоп.

OhridNews