Со титулата од Купот на Шпанија, Лионел Меси ја збогати ризницата на трофеи и стигна до бројката 30 со што го помина легендарниот Бразилец, Пеле на вечната листа.


Меси со две асистенции директно учествуваше во триумфот на Барселона (2-0) над Севиља во финалето од шпанскиот кралски куп.

Овој трофеј беше вкупно четврти за Меси во Купот на Шпанија, а Аргентинецот со Барселона има медали освоено уште во Ла Лига, Супер купот на Шпанија, Лигата на Шампиони, европскиот Супер куп, Светското клупско првенство и со селекцијата на Аргетина златен медал на Олимписки игри и на Мундијалот до 20 години.

Со оглед на годините (30) Меси сигурно ќе додаде уште некој трофеј зад своето име кое има обезбедено место во историјата на фудбалот.

OhridNews