Екипата на Барселона евидетно ќе биде ослабена за дуелот со Реал Мадрид во шпанската Ла Лига откако опоравувањето на Лионел Меси не тече според планот.
Меси секојдневно е под посебен надзор од докторската екипа од репрезентацијата на Аргентина која прв пат проговори јавно за сериозноста на повредата.
– Повредата не е сериозна, но не и наивна затоа мора да се пристапи со цело внимание за да се опорави Меси сто проценти. Обнонување на повредата ќе значи крај на сезоната за Меси затоа нема потреба да се брза за неговото враќање на теренот. – соопштија докторите.
И без него во составот каталонците го пратат Реал Мадрид на врвот од табелата и благодарание на Нејмар и Луис Суарез не се чувствува неговото отсуство.
Ел Класико е закажано на 21 ноември, но шпанските медиуми уште од сега прават планови за едно од најголемите дерби пресмектки во светот.
Ohridnews











