Екипата на Барселона сигурно чекори кон нова титула во шпанскиот шампионат, откако со минимални 1-0 го совлада тимот на Атлетико Мадрид во дербито од 27-та рунда на Ноу Камп.

Каталонците до триумфот стигнаа благодарение на Лионел Меси. Аргентинецот во 26-та минута од слободен удар го матираше Јаб Облак и дојде до 600 погодоци во кариерата.

Со победата Барселона на врвот од табелата се одлепи осум бодови и во голема мера го реши првенство, бидејќи сезонава речиси да игра без грешка.

OhridNews