Светскиот вицешампион Аргентина со реми 2-2 против Парагвај го почна походот кон трофејот од Копа Америка, кој го нема освоено од далечната 1993 година.
„Гаучосите“ имаа капитална предност 2-0 со погодоците на Серхио Агуеро и Лионел Меси, но ниту таа не се покажа доволна за победа.
Парагвајците во вториот дел со головите на Нелсон Валдез и Лукас Бариос го изедначија резултатот и освоија голем бод во борбата за пласман во нокаут фазата.
Актуелниот шампион на Копа Америка, Уругвај со минимална победа 1-0 над Јамајка ја започна одбраната на титулата. Стрелец на победничкиот погодок беше Кристијан Родригез на стартот од второто полувреме.
Група Б : Уругвај – Јамајка 1-0, Аргентина – Парагвај 2-2.
Табела : Уругвај 3, Аргентина 1, Парагвај 1, Јамајка 0.
Мх.П.