Фудбалерите на Барселона, Лионел Меси и Андрес Иниеста го откажаа летот Анталија, Турција, каде требаше да учествуваат на ревијалниот меч кој го организира Самуел Ето.
Меси и Иниеста воопшто не се појавиле на аеродромот во Барселона, а најверојатно откажан е и ревијалниот натпревар поради новонастаната ситуација во Истанбул и Анкара.
Голем број од поканетите играчи Арда Туран, Карлес Пујол, Деко, Ерик Абидал и тренерот на Фабио Капело пристигнаа безбедно во Турција, но ќе почекаат некоја следна прилика да одиграат ревијален натпревар со хуманитерен карактер.
Ето натпреварот го организираше поради јубилејниот десетти роденден на својата хуманитарна организација.
OhridNews