Капитенот на Аргентина, Лионел Меси директно долги години беше обвинуван од сопругата на Мауро Икарди, Ванда Нара дека го „минира“ повикот на фудбалерот во селекцијата на „гаучосите“ поради блискоста со Макси Лопез кој е поранешен маж на старлетата.
Моменталниот селектор на Аргентина, Хорхе Самполи го повика Икарди кој поради повреда отпадна, а молкот после тоа го прекина Меси кој и ја затвори устата на Ванда Нара.
– Се изнаслушав дека јас не сум го сакал Икарди во репрезентацијата и дека јас носам одлуки. Тоа е голема лага. Јас не сум тој кој кажува што и како во селекцијата на Аргентина. Никогаш и од никој селектор не сум побарал да го викне или да не го викне некој. Не е фер да се зборува нешто, а да не размислуваш дали е тоа така. – изјави Меси.
Иначе, сапуницата околу Ванда Нара започна, откако таа го остави сопругот Макси Лопез за Мауро Икарди со кој веќе се во брак и имаат сопствени дечиња.
OhridNews