Барселона се одлепи на шест бодови од второпласираниот на табелата Атлетико Мадрид откако со 3-1 го совлада Спортинг Хихон во заостанатиот натпревар во Ла Лига.


Каталонците преку Меси во 25-та минута го отворија резултатот, но домаќините за неполни две минути успеаја да ја анулираат предноста.

Но, Меси со нов вкупно 301 погодок во шпанскиот шампионатот го врати водството на Барселона. Дилемите околу победникот Суарез можеше да ги реши во 62-та минута, но не го реализираше ударот од белата точка. 

 
Сепак, Суарез пет минути подоцна со бравурозен погодок ги постави конечните 3-1 на мечот кои ја оддалечеија Барселона шест бодови од Атлетико односно седум од Реал Мадрид.

OhridNews