Фудбалската супер ѕвезда Лионел Меси во новиот договор со Барселона има вметнато неколку клаузили помеѓу кои се наоѓа и контролата врз трансферите.
Аргентинецот не посакувал да остави ништо на случајност и на Ноу Кам да се носат фудбалерите од било каков ранг. Меси и во минатото прифаќал или одбивал одреден фудбалер да биде купен.
Најдобриот играч во Барселона прво го кренал гласот против трансферот на Луис Суарез, а најново е ветото за Бразилецот Паулињо кој на Ноу Камп дојде пред почетокот на оваа сезона.
Со новиот договор Меси ќе заработува по 520 000 евра неделно, а откупната клаузула на Аргентинецот изнесува неверојатни 700 милиони евра. Меси со Барселона потпиша версност до 2021 година.
OhridNews